Име на проект:

СВЕТЛИНА ОД МИНАТОТО

Приоритетна оска: Туризам

Специфична цел

Подобрување на туристичкиот потенцијал на регионот преку иницијативи за соработка за подобро зачувување и одржливо искористување на природното и културното наследство

Дејности по проектот

  1. Проектот ќе започне со прес-конференции
  2. Работилници – искористување на културното наследство за развој на туризмот
  3. Промоција на културното наследство на Бислимска Клисура и развој на виртуелна турнеја на Бислимска клисура
  4. Обука за “Дигитализација на културно-историските наследства”
  5. Дигитализација на културно-историските наследства
  6. Воспоставување на Центар за дигитализација на културно-историското наследство и набавка на опрема за дигитализација на културното наследство
  7. Развој на мрежа на културни и туристички институции – креирање на веб-базирани музејски и археолошки културни наследства
  8. Развој на виртуелна музејска турнеја на Дупница и Куманово
  9. Работи Дупница – внатрешна реконструкција на Куќата “Св.Димитриев – Марек”
  10. Воспоставување туристички центар Бислимска Клисура – работи и набавка на опрема
  11. Работилница и форум: Улогата на музеите во културниот и наследствен туризам
  12. Изработка на промотивни туристички спотови за Дупница и Куманово и околината
  13. Промоција на рехабилитираната зграда, воспоставен дигитален центар и затворање на проектот во Дупница
  14. Промоција на рехабилитирана зграда, воспоставен центар за дигитализација и затворање на проектот во Куманово

Резултати од проектот

Развиениот предлог-проект има за цел да го поттикне одржливиот туристички развој и промовирање на многу ретка туристичка атракција во целниот регион од една страна и да ја нагласи промоцијата на културното наследство од друга страна.

Рехабилитацијата на предметите за интервенција, обезбедувањето на опрема за дигитализација и спроведување на активности за промоција на културното наследство ќе го зголеми туристичкиот потенцијал на прекуграничниот регион, како и зајакнување на свеста на заинтересираните страни во културата и туризмот во прекуграничниот регион за можностите за искористување на културното наследство во туристички цели. Покрај тоа, со употреба на денешни ИКТ, туристичките атракции на прекуграничниот регион ќе станат познати на мноштво корисници на Интернет и социјални медиуми.

Проектот ќе ги собере луѓето во социјалната и економската сфера (култура и туризам), што ќе доведе до подобрување на соработката со прекуграничниот регион, со цел решавање на заедничките предизвици за развој на туризмот и искористување на туристичкиот потенцијал на богатото културно материјално и нематеријално наследство.

Водечки партнер

Центар за развој на Третиот-Североисточен плански регион Куманово, Македонија

Проектни партнери

Историски Музеј , Дупница, Бугарија

Целни групи

Времетраење

24 месеци

Вкупен буџет

458 365.90 евра