Формирање на прв клуб за кајакарство во Бислимска Клисура, село Пчиња

Формиран е прв кајакарски клуб во Североисточниот регион како дел од Туристичкиот информативен центар кој се наоѓа во Бислимска Клисура во селото Пчиња. Клубот ќе биде наменет за ученици од основни и средни училишта.

Клубот за кајакарење е иницијатива на проектов со поддршка од местната заедница, со цел да се поддржи истражувањето на природните убавини на Бислимска Клисура преку кајакарење и други активности на отворен воздух.

Во рамките на клубот, учениците ќе имаат можност да го испробаат својот кајакарски талент, да учат нови вештини и да ја истражуваат природната убавина на реката Пчиња, која е се попопуларна дестинација за кајакарење во регионот со голем потенцијал да стане една од препознатливи дестинации за љубителите на адреналински спортови во регионот.

Организаторите на клубот истакнуваат дека се водат со стратегијата за безбедност на учесниците, со што секој учесник ќе биде опремен со карабинери, елеци, кациги, кајаци и друга неопходна опрема за безбедно изведување на активностите.

Во моментов, се прифаќаат пријави за членство во клубот, а сите заинтересирани ученици може да се јават во локалниот Туристички информативен центар во Бислимска Клисура за повеќе информации.

Facebook
Twitter
LinkedIn