Учениците на ООУ „Кочо Рацин“ Куманово во нивната прва планинарска авантура во Бислимска Клисура

Ден исполнет со сонце, мир и прекрасно време. Учениците од ООУ “Кочо Рацин” беа првпат на планинарење и го искусија совршенството на недопрениот бисер на природата на Бислимската Клисура, во околината на с.Пчиња. Низ клисурата одекнуваа смеењето и радоста на прекрасните ученици, а извонредните водичи на ЗПЗП Козјак 2013 и нивната наставничка, Жаклина Пешевска која го иницираше, организираше и координираше ова прекрасно дружење, ги упатуваа учениците и заедно го истражуваа прекрасниот природен свет.

Исто така, учениците, заедно со својата учителка, го посетија и локалниот Туристички информативен центар формиран како дел од проектот CB006.2.21.072 – Светлина од минатото, каде што добија целосни информации за пештерите, ископот на темелите на црквата на Бислим која според првичните показатели датира од 6 век, но и останатите активности и карактеристики кои се дел од овие прекрасни предели.

Веруваме дека ова беше само една во низа на несебичните природни активности кои ќе нè обединат и во иднина. Се надеваме дека вашата следна авантура како дел на  оваа незаборавна приказна во природата ќе дојде што поскоро!

Facebook
Twitter
LinkedIn