Македонската асоцијација за човечки ресурси одбра да ја одржи својата работилница за стратешко планирање во с.Пчиња и Бислимската клисура.

Како претставници на еколошкото здружение “Еко Пчиња” кое се залага за заштита и унапредување на животната средина преку подигање на свеста за вредноста на Пчиња и Бислимската клисура. Ние во нашиот модел за работа го вклучуваме интересот и поддршката на месното население, подигањето на еколошката свест за регионот, како и интегрирање на одржливост и раст во повеќе сегменти. Благодарение на своите природни убавини и историски споменици, овој регион е создаден за еко-туризам.

Денот започна со пречек на гостите од МАЧР на устието на Бислимската клисура, по што турата се упати на прошетка низ клисурата по означени планинарски патеки.Попатно ја раскажавме историјата на клисурата, во која може да се видат ѕидовите и кулите од римска тврдина од 4-ти век н.е. на локалитетот познат како Градиште, во чии рамки се наоѓаат и остатоци од ранохристијанска црква.

Стратешката работилница за активности на МАЧР за 2024, се одржа во соодветно подготвената сала за состаноци.

Во малиот историски музеј во Инфоцентарот, гостите уживаа во приказните за минатото на с. Пчиња и Бислимската клисура.

Велосипеди, кајак, спортско качување со професионален водич, дегустација на регионални вина и ракии, мирно соаре или гласна музика и танц… во дослух со вас ќе ви понудиме авантури скроени по ваша мера.

Помислете на продуктивноста на вашите вработени кога ќе имаат можност да поминат еден несекојдневен работен ден во природа, со мноштво стимулативни нови искуства за сите сетила. Доколку по првото вакво искуство заклучите дека овие „екскурзии“ прават чуда за вашиот тим и одлучите да станат дел од вашиот редовен репертоар, Ви стоиме на располагање да ја унапредиме вашата работа, а со тоа и секојдневието и иднината на локалните херои кои ќе бидат ваши домаќини.