Хуманитарното здружение “Мајка” со поддршка на Општина Куманово одржа ликовна колонија во која учествуваа ученици од основните училишта во Куманово.
Учениците направија прошетка низ Селото и Бислимската клисура каде имаа можност убаво да ги разгледаат сите природни убавини на Пчиња и Бислимската клисура. Целта на ликовната колонија е учениците да ги пренесат на платно сите убавини на реката Пчиња и клисурата.
Денот беше завршен со прекрасна изведба од учениците на ПОУ ” Браќа Миладиновци” – Пчиња на песничката “Среќа ли е?”.