[Sticky] Правила и услови за користење

Posts: 6
Topic starter
(@admin_martin)
Joined: 2 години ago

Со користењето на Project-light-from-the-past.org, Светлина од минатото Форум или било кој друг сервис на Project-light-from-the-past.org вие се согласувате со општите услови за користење. Дел од понудените сервиси и услуги, како што е Светлина од минатото Форум се достапни под дополнителни услови (наведени во продолжение) и доколку условите на сервисот се во директен конфликт со општите услови за користење, во сила стапуваат условите за користење на дополнителниот сервис.

Услови за користење на сервисот Светлина од минатото Форум

1. Строго се забранува било каков вид на спамирање.

2. Национализам, сексизам или било каква друга дискриминација е строго забранета.

3. Внимавајте на својот јазик, бидете културни и почитувајте ги останатите членови. Регистрирање со вулгарно корисничко име е забрането и корисникот ќе биде баниран веднаш.

4. Во форумот иакo толеранцијата на начинот на изразување е поголема, нема да се толерираат закани, пцовки, навреди и вулгарности.

5. Секое претерано форматирање на текст, користење на смајли, интерпункциски знаци и сл. ќе биде отстрането.

6. Забрането е пишување на неважни и неповрзани постови во врска со темата.

7. Строго е забрането постирање или било каква промоција на материјал кој нарушува авторски права и интелектуална сопственост.

8. Доколку постирате материјал кој не е дел од вашиот труд, истакнете го оригиналниот автор доколку ви е познат, доколку не - објавете од каде ви е информацијата.

9. Сите порнографски содржини се забранети за постирање.

10. Администраторите и модераторите го задржуваат правото без претходно предупредување да менуваат и бришат мислења/теми.

11. Светлина од минатото Форум ги задржува сите права да врши измена на истакнатите правила без претходна најава, за сите измени членовите се известуваат преку форумот.

12. Сите теми кои имаат наслов напишан со сите големи букви ќе бидат избришани, истото важи и за постовите.

13. Администрацијата има право да одбие барање за бришење на тема или мислење на било кој член доколку според свое увидување заклучи дека темата има веќе развиена дискусија или мислењето е потребно или клучно за текот на самата дискусија. Исклучок се барања за бришење или менување кои се однесуваат само на лични податоци во темата/мислењето - во тој случај ќе биде променет само делот кој ги содржи личните податоци. Членот може да побара бришење на корисничко име - а сите мислења и теми објавени од истиот ќе бидат обележани како "Гостинxxxx" (со исклучок на веќе објавени цитати од други членови).

Објаснување на правилата

Строго се забранува било каков вид на спамирање.
Светлина од минатото Форум не е место каде што ќе биде толериран СПАМ-от. Бесплатното рекламирање на вашата компанија, сајт, фирми или било што друго проценето од модераторите/админите како СПАМ ќе биде отстрането и ќе се смета дека вршите злоупотреба на форумот за очајно рекламирање. Внимавајте како и на кој начин го истакнувате вашиот вебсајт, компанија и др. Секое истакнување на друг форум во потписите или во постовите, ќе се смета исто така како СПАМ.

2. Национализам, сексизам или било каква друга дискриминација е строго забранета.
Дискриминација на било кој начин, спрема било кого (присутен или не присутен на овој форум) е забранета на Светлина од минатото Форум. Администраторите/модераторите нема да дозволат никаква дискриминација под никој услов.

3. Внимавајте на својот јазик, бидете културни и почитувајте ги останатите членови.
Дајте го својот максимум да бидете културни и да ги почитувате останатите членови. Пишувајте јасно и разбирливо, не употребувајте некултурни зборови во своите мислења, потписи и др. Доколку не се сложувате со нечие мислење, не настапувајте агресивно, туку аргументирајте го и докажете го вашето мислење.

4. Во форумот иако толеранцијата на начинот на изразување е поголема, нема да се толерираат закани, пцовки, навреди и вулгарности.
Иако постои форум каде што критериумите за изразување се пониски, сепак нема да толерираме никакви грубости или навреди спрема други членови. Дури и таму однесувајте се примерно и почитувајте ги останатите членови.

5. Секое претерано форматирање на текст, користење на смајли, интерпункциски знаци и сл. ќе биде отстрането.
Никој од членовите не сака да чита мислења напишани со премногу форматиран текст. Одржувајте ги Вашите мислења кратки, јасни и прегледни. Користете форматирање на текстот само во посебни прилики и кога навистина има потреба од тоа за да го направите постот попрегледен.

6. Забрането е пишување за неважни и неповрзани постови во врска со темата.
Потрудете се на дадена тема да одговорите соодветно и во контекст на темата. Не одговарајте со работи кои не се поврзани или да прашате сосема ново прашање кое ќе произлезе од темата. За да го поставите тоа прашање, едноставно - отворете нова тема и прашајте таму. Сите теми администраторите/модераторите ќе се потрудат да ги одржуваат како што треба и да не дозволуваат истакнување на непотребни постови во нив бидејќи тоа значи дека темата би станала непрегледна и тешко разбирлива.

7. Строго е забрането постирање или било каква промоција на материјал кој нарушува авторски права и интелектуална сопственост.
Не потценувајте туѓ труд и размислете како би било нешто за кое вие сте се мачеле да биде признаено како труд на некој си трет. Почитувајте ја туѓата работа и не ги нарушувајте авторските права и интелектуалната сопственост. Што се смета за нарушување на авторски права или инт. сопственост? Сето она што не е Ваше а го објавувате како ваше.

8. Доколку постирате материјал кој не е дел од вашиот труд, истакнете го оргиналниот автор доколку ви е познат, доколку не - објавете од каде ви е информацијата.
Доколку постирате нешто кое не е дел од Вашиот труд, едноставно објаснете од каде доаѓа тоа, каде сте го пронашле или пак доколку не Ви е јасен или не го знаете изворот истакнете дека трудот не е Ваш и дека не го знаете авторот. Сето она што ќе биде објавено а нема да е Ваш труд, и притоа не ги истакнете вистинските автори ќе се смета за прекршување на авторски права и интелектуална сопственост.

9. Сите порнографски содржини се забранети за постирање.
Секој материјал кој е поврзан на било каков начин со порнографијата ќе биде отстранет и членот ќе биде соодветно казнет за истакнување на таков материјал и директно прекршување на правилата. Ова важи и за оф-топик секцијата од форумот.

10. Администраторите и модераторите го задржуваат правото без претходно предупредување да менуваат и бришат мислења/теми.
Админите/модераторите на Светлина од минатото Форум можат да избришат, изменат мислење без притоа да објаснуваат зошто го направиле тоа. Правилата се кратки и јасни и секој член треба да ги почитува. Админите/модераторите се едни од најголемите корисници на овој форум и луѓе кои највеќе го сакаат успехот на Светлина од минатото Форум, така да секоја нивна постапка е оправдана од самата таа причина. На барање на членот за објаснување за некоја администраторска/модераторска постапка, админот/модераторот може, но НЕ е обврзан да даде објаснување.

11.Светлина од минатото Форум ги задржува сите права да врши измена на истакнатите правила без претходна најава, за сите измени членовите се известуваат преку форумот "Project-light-from-the-past.org известувања".
Кратко и јасно, го задржуваме правото за промена на овие услови за праивла и користење, но за истите се обврзуваме при нивна промена да известиме јавно.

12. Сите теми кој имаат наслов напишан со сите големи букви ќе бидат избришани.
Пишувањето со сите големи букви делува како да викате кон членовите, сите вакви теми ќе бидат избришани.

13. Администрацијата има право да одбие барање за бришење на тема или мислење на било кој член доколку според свое увидување и убедување заклучи дека темата има веќе развиена дискусија или мислењето е потребно или клучно за текот на самата дискусија. Исклучок се барања за бришење или менување кои се однесуваат само на лични податоци во темата/мислењето - во тој случај ќе биде променет само делот кој ги содржи личните податоци. Членот може да побара бришење на корисничко име - а сите мислења и теми објавени од истиот ќе бидат обележани како "Гостинxxxx" (со исклучок на веќе објавени цитати од други членови).
Со цел да се задржи дискусијата и испочитува трудот на секој кој придонел во неа, се оневозможува бришење на теми и мислења клучни за дискусијата. Бришење и на корисничката сметка значи означување на објавените теми и мислења само како "ГостинXxxx" наместо оригиналното корисничко име, а со цел да не се менуваат или цензурираат мислењата на останатите членови - оваа опција не зема во предвид промена на веќе објавени цитати од други членови во кои се споменува оригиналното корисничко име на членот - приватноста и одговорноста при објава на информации и регистрација на форумот е на самиот член. Форумот претставува заедница во која сите придонесуваат и со цел да се спречи исченување на содржина (теми, мислења, цитати) или губење на логика при дискусии кои некогаш се и по стотици страни и содржат трудови од други членови се ограничува бришењето и менувањето на објавената содржина после краткиот рок од објава во кој самиот корисник може да го промени мислењето. Со цел почитување на начелата на приватност и законите за заштита на лични податоци, ќе бидат уредувани и/или анонимизирани само тие мислења и делови од мислења кои содржат лични податоци по претходна пријава од страна на член.

 

Topic Tags